Дома Фудбал Останато Во најдобрите 11 на Рикардо Кака нема место за Меси

Во најдобрите 11 на Рикардо Кака нема место за Меси

Бразилскиот фудбалер Рикардо Кака своите најдобри денови во кариерата ги помина во Милан, а во 2007 година беше избран за најдобар играч во светот.

Кака со Милан освои скоро се што можеше, но потоа се одлучи да направи трансфер во Реал Мадрид и тоа се покажа како не баш најдобар потег во неговата кариера. Но, Бразилецот секако може да биде горд на она што го направи играјќи за Сао Паоло, Милан, Реал Мадрид и Орландо, но и репрезентацијата на Бразил.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во кариерата имаше прилика да игра со бројни големи ѕвезди, а сега одлучи да ги избере најдобрите 11 фудбалери. Најголемо изненадување во неговиот тим е што во составот го нема Лионел Меси.

Најдобрите 11 според Кака: Дида, Кафум Паоло Малдини, Алесандро Несто, Роберто Карлос, Андрес Иниеста, Андреа Пирло, Зинедин Зидан, Роналдињо, Кристиано Роналдо и „стариот“ Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул завршува неопходно засилување во 48 часа

Ливерпул се мачи цела сезона да најде константна форма и може да се каже дека, соодветно н…