Дома Фудбал Останато Нант не попушта: Од Кардиф ги бара парите за Сала

Нант не попушта: Од Кардиф ги бара парите за Сала

Аргентинскиот фудбалер исчезна во текот на летот од Нант кон Кардиф кога требаше да го комплетира трансферот во редовите на тимот од Премиер лигата.

Трагичниот случај со Емилијано Сала се уште не го добил комплетниот епилог, лоциран беше авионот и во тек е негово извлекување на водите од Ла Манш.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Двата клуба ги погоди трагедијата, но Нант две недели после се што се случи бара од Кардиф да си ги исполни своите обврски.

„Сините птици“ со францускиот клуб се договорија за оштета од 17 милиони евра за аргентинскиот напаѓач. Поради ситуацијата од Кардиф ја немаа исплатено првата рата, па луѓето од францускиот клуб се огласиле.

Тие бараат да им биде исплатена првата рата, а подоцна и целата сума од 17 милиони евра на што беа обврзани.

Зошто од Кардиф задоцниле со ратата?

Во целата работа биле вклучени повеќе менаџери поради што трансферот со провизијата за менаџерите можел да достигне 34 милиони евра. Кардиф ќе ги добие парите назад од ФИФА, но само тие 17 милиони евра, додека парите за менаџерите не се покриени од осигрувањето.

Поради тоа во клубот од Велс одлучиле да ги стопираат уплатите додека не биде разјаснето како нивното најскапо засилување во историјата на клубот патувал со ризичен лет, во тешки услови со мал авион и неискусен пилот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…