Дома Фудбал Италија Во Милан стравуваат поради повредата на Мањан

Во Милан стравуваат поради повредата на Мањан

Милан вчера во Лигата на шампионите беше поразен од Ливерпул со 1:3, но проблем за „росонерите“ по овој дуел може да биде и повредата на првиот голман Мајк Мањан.

Мањан беше заменет по само шест минути игра во второто полувреме, но и во првиот дел често можеше да се забележи како се држи за бутниот мускул.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Францускиот голман имаше и судир со својот соиграч од одбраната на Милан, Фикајо Томори. На местото на Мањан во 51. минута на голот застана Лоренцо Ториани кој има 19 години.

Во овој момент не е познато од каков карактер е повредата на Мањан, меѓутоа не изгледаше добро, па навивачите се загрижени бидејќи Милан викендов во Серија А го чека и дербито со Интер.

Градските ривали силите ќе ги одмерат в недела од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ќе „гори“ во Мадрид: Судиска одлука која ептен ќе ги налути „кралевите“ (Видео)

Реал Мадрид синоќа одигра натпревар против Селта во Виго, а сцената од 72. минута ќе ги ра…