Поранешната голема руската ѕвезда, Роман Павличенко доби тужба за неплатените сметки за струја и вода во износ од 400 евра објавија руските медиуми.
Павличенко во кариерата во која беше дел и од англискиот гигант Тотенхем заработи милиони и 400 евра не би требало да претставуваат проблем за него. Сепак, тој не ги платил сметките и стана предмет на исмејување на руската јавност.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фирмите кои го снабдуваат со вода и стрја му поднеле тужба барајќи си ги нивните 400 евра.
Во кариерата Павличенко играше и за репрезентацијата на Русија за која постигна 21 гол на 51 натпревар. Инаку, тој се уште игра фудбал, но е далеку од најдобрите денови и настпаува во рускиот третолигаш Знамја од Ногинск.