Дома Македонски спорт Мак фудбал Во Гостивар бесни на судењето: Се закануваат дека нема да играат!

Во Гостивар бесни на судењето: Се закануваат дека нема да играат!

Дебитантот во македонската прва лига, екипата на Гостивар објави соопштение во кое изразува незадоволство за судењето во натпреварите оваа сезона.

Во Гостивар имаат замерки за арбитрите поради кои како што велат изгубиле голем број бодови сезонава.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Ова е наш манифест за судиите. Ние го сакавме фудбалот, верувавме во подобра иднина на оваа игра, но повеќе не веруваме ни во иднината со овие судии. Тие придонесуваат, фановите да го губат интересот за фудбал. Доста е веќе!

Повеќе нема да молчиме, ќе реагираме на сите скандали. Губиме бодови секоја недела поради пристрасни одлуки на судиите. Нашиот тим, кој е непоразен десет кола, има проблем да се натпреварува со арбитрите, а нее со противниците. За нас пенали нема, а но за противниците има, дури и кога не постојат. За противниците важат голови од два метра офсајд, картони за противниците нема дури и кога нашите играчи се повредени… Судиите влијаат на здравјето на нашите фудбалери.

Затоа отворено им кажуваме. Ако бидат пристрасни и во иднина, сите наши фудбалери ќе застанат на теренот. Ако има пристрасни одлуки, нашите фудбалери ќе стојат во текот на целиот меч бидејќи не е вредно да се заморуваат и да го ризикуваат здравјето за ништо. Не се плашиме ни од губење бодови, ни од дисквалификација. Нема проблем! Повеќе нема да молчиме пред кражбата“, стои во соопштението од Фудбалскиот клуб Гостивар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…