Дома Македонски спорт Мак фудбал Турските газди на Гостивар ќе спонзорираат уште еден македонски клуб

Турските газди на Гостивар ќе спонзорираат уште еден македонски клуб

Слога Виница, клуб кој се натпреварува во Третата македонска лига денеска доби стабилен спонзор и тоа турската компанија „Енес Уста“ која го спонзорира и прволигашот Гостивар.

Со турската компанија Гостивар минатата сезона обезбеди влез од Втората во Првата македонска фудбалска лига. Сега целта е Слога Виница да оди еден ранг погоре.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве информираме дека после неколку месечни преговори од страна на нашиот претседател Дејан Михајлов и Сашко Митев, член на Советот на општина Виница, помогнати од градоначалникот на општината Миле Петков и членовите на турската заедница во Виница, фудбалскиот клуб СЛога 1934 добива нов и стабилен спонзор.

Договорена е соработка со ФК Гостивар со цел експресно враќање на клубот во Втората македонска фудбалска лига. Со ова се отвора ново поглавје во фудбалскиот клуб, но и спортот во Виница. Во периодот што следува ќе бидат подготвени и потпишани сите потрени документи за што дополнително ќе бидете известени“, соопштија од Слога Виница.

Најавена е и соработка помеѓу клубови. Во овој момент Слога Виница се наоѓа на четвртото место на табелата во Третата лига – Исток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шок за Шпанците: Репрезентацијата може да биде исфрлена од ЕП, а клубовите од сите УЕФА натпреварувања?!

Како што претходно пишуваше шпански „АС“, УЕФА ја следи ситуацијата во шпанскиот фудбал, а…