Дома Македонски спорт Мак ракомет Во Вардар се ќе биде исплатено до крајот на 2020, Горбок, Калараш и Дибиров сакаат да останат!

Во Вардар се ќе биде исплатено до крајот на 2020, Горбок, Калараш и Дибиров сакаат да останат!

Данил Шишкарев е еден од играчите кои сигурно го напуштаат Вардар. Шишкарев сега имаше интервју за рускиот „Брц центар“ и откри каква е ситуацијата со долговите кои Самсоненко ги има кон нив.

Рускиот ракометар сега го потврди она што се шпекулираше уште во февруари, а тоа е дека ракометарите добиле нотарски заверени гаранции дека се ќе им биде исплатено до крајот на година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Добивме договори заверени на нотар дека сите ќе бидеме исплатени до крајот на 2020 година. Тоа е последниот рок, а можеби ќе се случи се да биде исплатено и порано“, изјави Шишкарев.

Шишкарев потврди и дека останатите ракометари помеѓу кои се Дибиров, Калараш и Горбок сакаат да останат.

„Јас не останувам и тоа е јасно поради тоа веќе не ме ни викаат на состаноците со новото раководство. Други зборови не сакам да прераскажувам, Дибиров, Калараш и Горбок сакаат да останат зборувајте со нив“, додаде Шишкарев.

Целото интервју на Шишкарев – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…