Вистински шок во фудбалскиот свет, а посебно кај навивачите на Барселона предизвика заминувањето на Лионел Меси кој потпиша договор со ПСЖ.
Барселона не успеа да пронајде начин како да ги реши финансиските проблеми и да го регистрира Меси, па Аргентинецот беше приморан да замине. Во клубот веќе почнуваат да ги чувствуваат загубите од заминувањето на Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„АС“ известува дека клубот не ги продал сите вилети за натпреварот со Реал Сосиедад кој е прв во новата сезона. Од 30.000 достапни билети се продале само половина, па во клубот сега размислуваат да ги стават достапни и за оние кои не се членови на клубот.
Освен тоа се наведува дека продажбата на дресови и сувенири од фан-шоповите уште веднаш значително се намалила.
Од друга страна во ПСЖ се рушат рекорди. Во вторникот кога на интернет беше пуштен во продажба дресот на Меси сите 150.000 дресови се продадоа за само седум минути, а на улиците во Париз можат да се забележат долги редици пред фан-шоповите.