Дома Трансфер зона Во Арсенал непријатно изненадени од барањата на агентите на Влаховиќ

Во Арсенал непријатно изненадени од барањата на агентите на Влаховиќ

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ја воодушеви фудбалската јавност со своите настапи во дресот на Фиорентина.

Влаховиќ оваа сезона игра фантастично во дресот на италијанскиот клуб и во досегашниот дел од сезоната на 22 натпревари успеа да постигне дури 18 голови. Овој 21 годишен напаѓач со своите настапи го привлече вниманието на многу клубови, но во Фиорентина се одлучни да го задржат во своите редови.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Арсенал овие денови најмногу се поврзува со името на Влаховиќ. „Топџиите“ сакаат да го доведат Влаховиќ уште во јануарскиот преоден рок, но ако се точни последните информации тоа нема да се случи.

Имено, англиските медиуми објавија дека Фиорентина за Влаховиќ бара околу 70 милиони евра, додека српскиот фудбалер бара плата од 300.000 фунти неделно, додека неговите агенти бараат 15 милиони фунти за неговиот потпис.

Ова значи дека на Арсенал ќе му бидат потребни и околу 100 милиони евра за да го обезбеди Влаховиќ во овој преоден рок, а тешко дека лондонскиот клуб е спремен толку пари да потроши во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал го „краде“ Зиркзе пред носот на италијанските гиганти

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…