Дома Луд Спорт Вознемирувачко: Страотен пад на навивач на Реал при славењето на титулата!

Вознемирувачко: Страотен пад на навивач на Реал при славењето на титулата!

Навивачите на Реал ширум Шпанија бурно ја прославија 12. титула шампион на Европа. За жал, еден од нив претера со славањето. Се надеваме дека не фатално, иако снимката покажува на таков исход.

Во Мајорка гледањето на финалето против Јувентус беше организирано на плоштадот од кралот Карлос, откако навивачите се преселија на Плаза де лас Тортугас, каде што навивачите на Реал до рано утрото го славеа новиот успех на нивниот клуб, се додека не се случи тешката несреќа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот навивач чиј идентитет и возраст се уште не се познати, сакаше рекордната титула да ја прослави на посебен начин – качување на врвот на обелискот кој е висок четири метра во средината на плоштадот.

Многу навивачи го следеа неговиот обид кој за малку ќе успееше, бидејќи несреќникот за малку не дојде до врвот на камениот столб, но тогаш загуби рамнотежа и падна, прво на грб, а потоа и на главата во вода во подножјето на обелискот.

Падот изгледа навистина страшно, а по несреќата тој бил однесен во болница, каде што веднаш бил опериран. Се наоѓа на интензивна нега и животот му е во опасност.

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…