Од денот кога се случија во јавноста излегуваат снимки од нередите кои ги приредија навивачите на Динамо Загреб во Атина пред натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Епилогот од целиот ужас беше смртта на 29-годишниот Михалис Кацурис кој беше претепан и избоден до смрт, а полицијата во овој момент утврдува кои се сторителите на делото.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега се појави видео на кое во еден дел се гледа како бил тепан Кацурис од хулиганите. Кацурис кој носел сина кошула се обидел да побегне, но бил стигнат, а потоа удиран со палка и избоден. Успеал да стане и да се обиде да сокрие во киоск во близина, меѓутоа во тие моменти премногу крварел.
Случајни минувачи се обидуваат да му помогнат и викаат брза помош која го пренесува во болница каде што подоцна им подлегнал на повредите.
Грчките медиумите наведуваат дека во овој момент се истражуваат сите разговори и снимки од запленетите телефони.
Видеото кое предупредуваме е со внозменирувачка содржина можете да го погледнете – ТУКА.