Работнички го заокружи првиот круг од шампионатот во Првата фудбалска лига со пораз (2-0) од актуелниот првак Шкендија во Тетово. Но, и покрај тоа, младиот тим на Работнички веројатно на ова гостување го прикажа најквалитетното издание оваа сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Доживеавме пораз од Шкендија, но ако го погледнеме изданието на тимот во целина, тоа е можеби најквалитетниот меч на Работнички оваа сезона. Има многу позитивни моменти, би сакал да продолжиме со таква игра и на наредните натпревари и верувам дека ќе дојдат многу подобри резултати“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.
Во следното 12. коло, Работнички в сабота ќе му гостува на Борец во Велес.