Душан Влаховиќ сериозно размислува да го напушти Јувентус и уште во јануари може да дојде до голем трансфер.
Српскиот напаѓач не се снаоѓа баш најдобро во Јувентус, наводно играта на тимот воопшто не му одговара и е спремен да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Силен интерес за Влаховиќ покажуваат неколку европски гиганти, меѓу кои Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челзи, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Јувентус исто така е спремен да слушне понуди бидејќи е во финансиски проблеми после големиот скандал и неизвесноста поради евентуалната казна.
Влаховиќ беше еден од најбараните напаѓачи во Европа и во јануари се пресели во Јувентус за 80 милиони евра.
Србинот преферира трансфер во Премиер лигата, а споменатите клубови нема да жалат пари за да го доведат во своите редови.