Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ја започнал операцијата за доведување на Душан Влаховиќ на „Сантиаго Бернабеу“.
Приоритет на „кралевите“ на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може да биде долгорочна замена за Бензема, а изборот паднал токму на Влаховиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус има финансиски проблеми, па е спремен да слушне понуди, а Реал веќе имал средба со агентот на Србинот.
Наводно агентот спречил трансфер на Влаховиќ во Премиер лигата во јануари токму поради Реал Мадрид.
„Требаше да биде лидер на тимот во наредната деценија, сега е стана товар и клубот мора да се ослободи од него. Јувентус сакаше да го продаде во зимскиот преоден рок, се договори со Манчестер јунајтед за трансфер од 100 милиони евра, кој со бонуси требаше да изнесува 120 милиони, но во последен момент менаџерот на српскиот напаѓач ја расипа зделката. Србинот е еден од најперспективните напаѓачи на пазарот. Во Реал го сметаат за идеален напаѓач за преодниот период помеѓу Бензема, до евентуалното доаѓање на еден од двајцата најдобри голгетери во светот, Мбапе или Халанд. “, пишува „АС“.