Дома Македонски спорт Влатко Андоновски: Не знам дали во Македонија воопшто имаше женски фудбал кога заминав за САД

Влатко Андоновски: Не знам дали во Македонија воопшто имаше женски фудбал кога заминав за САД

Влатко Андоновски веќе подолго време работи како селектор на женската фудбалска репрезентација на САД, а сега за „Ал Џезеира Балканс“ ја раскажа својата приказна.

Андоновски раскажа како се решил „на кратко“ да замине во САД, но потоа се случило таму да остане цели две децении и сега важи за еден од најдобрите тренери во женскиот фудбал. Поради договорот со федерацијата кој има важност до 2023 година, Анодновски одбил тимови од машката МЛС лига во САД.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не се сеќавам дали воопшто во Македонија имаше женски фудбал кога заминав за САД. Кога дојдов тука на првиот натпревар имаше 60.000 гледачи на женски фудбал. Условите тука во САД не може да се споредуваат со тие во Македонија, многу работи се на повисоко ниво. Во САД заминав по препорака на еден другар кој ме повика да пограм малку фудбал и да видам како ќе биде. Си реков ќе одам ќе видам како ќе биде и се случи да останам 21 година“.

Андоновски и поантаму следи што се случува со фудбалот во Македонија.

„Нормално дека го следам фудбалот во Македонија и во регионот. Мило ми е што Македонија играше на Еуро2020 и се надевам дека ќе продолжи да игра на големи натпреварувања. И не само за Македонија се радувам и за успесите на другите земји“, зборува Андоновски.

ЦЕЛОТО ИНТЕРВЈУ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ВИДЕОТО:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…