Дома Останати Тенис Вимблдон: Елиминирана втората фаворитка!

Вимблдон: Елиминирана втората фаворитка!

Го имаме првото поголемо изненадување на Вимблдон во женска конкуренција.

Втората фаворитка Каролина Возњацки се соочи со елиминација во второто коло. Возњацки денес загуби од Екатерина Макарова. Треба да се истакне дека Макарова е поранешна тенисерка број 8 на ВТА листата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Првиот сет го освои Макарова со 6:4, потоа следуваше одлична игра на Возњацки за 6:1 во гејмови во вториот. Третиот сет донесе одличен тенис, Возњацки имаше предност од два брејка, но Макарова се врати и изедначи на 5:5, а потоа успеа да стигне и до победа од 7:5.

Освен Возњацки денес беше лиминирана Викторија Азарка и тоа од Каролина Плишкова, а слично помина и Радвањска која беше поразена од Шафарова.

Од друга страна без загубен сет во третото коло се пласираа Серена Вилијамс и Медисон Киз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Сабаленка најави бојкот на престижниот турнир

Изјавата на организаторите на ВТА турнирот во Дубаи ја разлути најдобрата тенисерка во све…