Дома Останати Тенис Вимболдон: Надал фуриозно на стартот, Вердаско елиминиран во првото коло

Вимболдон: Надал фуриозно на стартот, Вердаско елиминиран во првото коло

Рафаел Надал без проблеми се пласираше во второто коло на Вимболдон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанецот го елиминираше Дуду Села со максимални 3:0 во сетови.

Изедначен меч гледавме само на стартот, во првите шест гејма. Тогаш Села успеавше да му се спротистави на Надал и се држеше на 3:3. Сепак во следните минути Надал освои три гејма за 6:3 во првиот сет.

Со истиот резултат Надал го доби и вториот сет, додека во третиот беше 6:2.

Шпанецот во второто коло ќе игра против подобриот од мечот Поспишил – Кукушкин.

Со победа од 3:0 во сетови (7:5, 6:2, 6:0), стартуваше и Зверев против Дакворт.

Едно од изненадувањата го приреди Американецот Тиафе кој го елиминираше Вердарско со 1:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…