Роџер Федерер немаше никакви проблеми во својот прв натпревар на Вимболдон оваа сезона и експрено го победи Србинот Душан Лајковиќ.
Осумкратниот шампион на Вимболдон стартуваше со победа на третиот Гренд Слем оваа сезона. Откако ја пропушти сезоната на земја, Федерер започна да реди победи на трева, па така на стартот од „Виболдон“ славеше победа над Лајовиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Швајцарецот експресно ја одработи работата и со 3:0 (6:1, 6:3, 6:4) го елиминираше Србинот.
Федерер од самиот старт покажа дека нема намера да си прави проблеми на стартот, па во првиот сет кој траеше само 20 минути го доби со 6:1.
Лајовиќ остави впечаток како да влезе премногу импресионирано во овој меч. Во вториот имаше неколку блесоци, но тоа беше доволно само за 6:3. Најмногу гејмови Лајковиќ освои во третиот сет.