Дома Македонски спорт Виктор Ангелов до романските медиуми: Ќе ве победиме 1:0!

Виктор Ангелов до романските медиуми: Ќе ве победиме 1:0!

Виктор Ангелов, македонскиот фудбалер кој настапува за Волунтари е еден од фудбалерите кои беа дел од генерацијата до 21 година која предводена од Благоја Милевски се пласираше на Еуро 2017 во Полска.

Ангелов во разговорот со романските медиуми порача дека очекува победа на Македонија со гол на Барди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Македонија е без Пандев, тој беше нашиот лидер и најдобар фуидбалер во последната деценија и тоа е најголемата разлика во однос на мечот во Букурешт. Но, добро го познавам селекторот Милевски соработував со него во младинската репрезентација. Сигурно е еден од најдобрите тренери во Македонија, сака да игра офанзивно и со многу додавања, со пресинг и не се плаши од никого. Од него многу научив и знам дека Македонија ќе напредува“.

„Тимот е силен, пред се тука се Барди и Елмас, Велковски во одбраната…Ќе победиме 1:0 со гол на Барди“, изјави Ангелов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…