Утре на распоредот е големото финале во Копа Либертадорес во кое по првите 2:2 на „Ла Бомбонера“, Ривер Плата на својот „Монументалу“ ќе ја пречека Бока.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерите на Бока Јуниорс вчера на својот стадион го одработија тренингот пред новото Суперкласико, а на трибините на стадионот имаше речиси 50,000 фанови за на спектакуларен начин да ги испратат своите миленици пред натпреварот на деценијата.
Сликите од „Ла Бомбонера“ на тренингот го воодушевија светот, меѓутоа кадрите од улицата пред стадионот дури денеска се појавија на социјалните мрежи и дури сега е јасно колку Аргентинците се „луди“ по фудбалот.
Имено, илјадници навивачи кои не можеа да влезат на стадионот останаа надвор, но громогласно им даваа поддршка на своите миленици, а нивните песни одекнаа низ улиците на Ла Бока, квартот во кој Бока Јуниорс е нешто свето.
?️ La Bombonera holds 50,000 fans
? These are the ones who couldn’t get into the open training session
? And they’re still having a party! pic.twitter.com/KWRqYqN22T
— Goal (@goal) November 23, 2018