Македонија денес со почеток 18:15 го започна натпреварот против Германија на Европското првенство во Хрватска.
Момците на Раул Гонзалес одлично го започнаа натпреварoт со навистина атрактивни погодоци, а посебно убав беше погодокот на Кире Лазаров кој одигра одличен цепелин во соработка со Гоце Георгиевски.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Македонија во првиот дел стигна и до предност од три гола разлика 2:5, тоа беше и најголемото во водство во првиот дел. Потоа Германците како да се разбудија, па следеше период од играта во кои тие беа доминанти.
Во финишот од полувремето, Македонија повторно се врати во игра, а најмногу поради одличните одбрани на Борко Ристовски и Никола Митревски. На крајот Германија на полувреме замина со предност од еден гол разлика 12:11.
Најефикасен на полувремето во нашите редови беше Филип Талески со три постигнати погодоци, Кире Лазаров постигна два, како и Пешевски, Кузмановски и Стоилов. Ристовски полувремето го заврши со пет одбрани, додека Митревски запиша три.
Sportski.mk – Gol na prvenstvoto
Атракции во „Загреб Арената“, фантастичен цепелин на Гоце и Кире!https://sportski.mk/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B0%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B5%D0%B1-%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%84/
Posted by Sportski.mk on Mittwoch, 17. Januar 2018