Дома Останати Кошарка Видео: Теодосиќ се врати Клиперси славеа, Богдановиќ најефикасен, но не беше доволно

Видео: Теодосиќ се врати Клиперси славеа, Богдановиќ најефикасен, но не беше доволно

nba

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа три натпревари.

Кошаркарите на Торонто убедливо славеа против Кливленд со резултат 133:99.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За минатогодишниот финалист ова беше втор убедлив пораз, откако неодамна беа поразени од Минесота со 127:99. Торонто до победата стигнаа со одличната игра во втората четвртина во фазата во одбрана, но и во напад. Во овој период Кливленд за 12 постигна само 16 поени, додека Рапторси постигнаа 35 и второто полувреме го започнааа со предност од 65:40.

Во продолжение предноста само растеше, па гостите од Охајо не добија прилика да се вратат во натпреварот.

Триумфот на Торонто дополнително добива на значање ако се знае дека во тимот за овој натпревар ги немаше Кајл Лаури и Серж Ибака.

Во нивно отсуство најефикасен беше Фред Ванвилт со 22 поени, Паскал Сиакам додаде 16 исто како Мајлс, додека Дерозан постигна 13 поени. Кај Кливленд најефикасен беше Леброн Џејмс со 26 поени, Џеф Грин постигна 13, Краудер 11, а Лав 10. Треба да се истакне лошиот настап на Ајзе Томас кој за 24 минути на паркетот постигна само четири поени.

Натпреварот во Сакраменто беше обележан со враќањето на Милош Теодосиќ кој натпреварот го заврши со 10 поени и девет асистенции за 25 минути на паркетот, но и повредата на Деандре Џордан кој средината на втората четвртина.

Најзаслужен за победата беше Лу Вилијамс кој постигна 30 поени и запиша шест асистенции, Блејк Грифин уфрли 18 поени. На другата страна на Сакраменто не му помогна ниту одличниот настап на Богдан Богдановиќ кој беше најефикасен во својот тим со 22 поени, а покрај тоа забележа четири скока и две асистенции.

Во последниот натпревар Лејкерси со 93:81 славеа над Сан Антонио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Уште еден доказ колку Јокиќ е моќен: Погледнете што му направи на Леброн 🎥

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра во одлична форма, а уште еден доказ за тоа видовме изм…