Ниту еден англиски судија нема да патува на Мундијалот во Русија и можеби и подобро, бидејќи во последно време англиските арбитри се во центарот на вниманието поради своите лоши одлуки.
После големата прашина која ја крена Мајкл Оливер на натпеварот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, вечерва во центарот на вниманието е Мајк Дин кој го оштети Мидлсборо и можеби пресуди да не оди во финале за влез во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На реванш мечот против Астон Вила, во 87-та минута Мидлсборо имаше шанса да постигне гол, но тоа го спречи голманот на домаќините Сем Џонсон, кој интервенираше надвор од казнетиот простор.
Иако Џонсон требаше да добие директен црвен картон, Дин му покажа само жолт картон.
Резултатот до крајот остана 0:0, па Астон Вила поради победата во првиот меч од 0:1 ќе патува во финалето на „Вембли“ каде ќе игра против Фулам.