Популарниот „Боксинг деј“ денес во англиската Премиер лига беше отворен со натпревар во кој видовме дури седум погодоци.
„Боксинг дек“ го отворија Тотенхем и Саутемптон, а на крајот „петлите“ предводени од фантастичниот Хари Кејн успеаа да стигнат до убедлива победа од 5:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Домаќините започнаа одлично, а добрата игра ја крунисаа со погодокот веќе во 22 минута од натпреварот кога погоди Хари Кејн. Во финишот од првото полувреме Кејн успеа да постигне нов погодок со кој го сруши рекордот стар 22 години на Алан Ширер за постигнати погодоци во една календарска години.
Саутемптон добро го отвори вториот Лонг имаше одлична шанса после грешката на Дајер, но сепак не ја искористи. Набрзо следуваше казна и крај на надежите дека можат „светците“ можат да направат нешто во овој натпревар. Деле Али во 49 минута зголеми на 3:0, а само две минути подоцна Сон Хеунг Мин стрелаше за 4:0.
Буфал во 64 минута постигна гол за гостите, а Кејн во 67 го постигна и својот трет погодок на натпреварот. Конечните 5:2 ги постави Душан Тадиќ во 82 минута од натпреварот.