Јапонската лига влезе во самиот финиш. Денеска беше одиграно претпоселдното коло, а возбудувањата не беа пропуштени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Особено е интересно дното на табелата, а денеска Саган Тоу успеа да избегне директно испаѓање во понискиот ранг благодарение на голот на Фернансо Торес. Не започна добро за тимот на Торес кој на свој терен имаше негативен резултат од 29. минута.
Сепак, во 71. минута Каназаки од белата точка изедначи на 1:1 за седум минути подоцна Торес да постигне гол за комплетен пресврт. Шпанецот одлично се ослбододи од голманот и со удар од врвот на казнениот простор донесе победа на својата екипа.