Дома Фудбал ВИДЕО Погледнете го голот на Милан во финишот за големо славје во големото дерби

ВИДЕО Погледнете го голот на Милан во финишот за големо славје во големото дерби

Eкипата на Милан се радуваше на победа од 2:1 во градското дерби со Интер и така стави крај на шесте порази во низа кои ги имаа „росонерите“ во пресметките со градскиот ривал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Интер ја имаше улогата на фаворит пред натпреварот, но уште еднаш се покажа дека во дерби натпреварите тоа не мора ништо да значи.

Пулишиќ по десет минути игра го доведе Милан во водство, додека Димарко ги врати работите како на почетокот по половина час игра. Со по еден гол на двете страни се замина и на паузата.

Во второто полувреме Милан беше подобриот тим на теренот, но до гол стигнаа дури во самата завршница. Херој за „росонерите“ беше Матео Габија кој со глава ја смести топката во мрежата по нафрлувањето на Рејндерс од слбооден удар.

По овој натпревар градските ривали се изедначени на табелата со осум бодови од пет натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…