Дома Фудбал Останато ВИДЕО: Магијата во копачките не може да застане – Магиите на Иниеста немаат крај!

ВИДЕО: Магијата во копачките не може да застане – Магиите на Иниеста немаат крај!

Андрес Иниеста веќе некое време не ги брани боите на својата Барселона, но тоа не значи дека го заборавил тоа што го правеше со години на „Камп Ноу“ – да воодушевува.

Иниеста во доцните играчки години си замина во Јапонија, а во победата на својот Висел Коби над Нагоја Грампус од 2:1 ја воодушеви публиката со својата магична асистенција. Двата гола за Коба ги постигна уште еден прославен фудбалер, Лукас Подолски, но првиот беше навистина ремек дело благодарение на Иниеста.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иниеста се најде на некој 25-26 метри од голот, имаше многу простор, но и голем број на фудбалери на Нагоја кои се стрчаа кон казнениот простор. Сепак, од мајсторската асистенција на Иниеста немаше одбрана, а Подолски акцијата ја заврши со ефективен волеј удар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…