Дома Останати Ракомет ВИДЕО: Лазаров покажа дека знае и француски, а водителите му се заблагодарија на македонски!

ВИДЕО: Лазаров покажа дека знае и француски, а водителите му се заблагодарија на македонски!

Македонскиот капитен Кирил Лазаров продолжува со одличните настапи во дресот на Нант, а вчера беше еден од најзаслужните за победата против Екс со резултат 25:29.

Лазаров освен со настапот на теренот ги воодушеви навивачите на овој клуб и после натпреварот со давањето изјава на француски јазик.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Водителите на прогрмата на реномираната „Беин СПОРТС“ неколку пати истакнаа воодушевување што Лазаров е нивни гостин, а покрај тоа им зборува и на нивниот јазик.

„Кога се преселив тука да бидам искрен не знев ниту збор француски, но јазикот ви е потребен да се разберете со соиграчите и тренерот. Со текот на времето учев и како што гледате веќе можам да се разберам“, изјави помеѓу другото македонската ракометна икона.

Колку беа воодушевени коментаторите покажува и нивниот потег на крајот на интервјуто кога на Лазаров му се заблагодарија и на македонски јазик.

https://www.facebook.com/lazarovkiril7/videos/373636863198106/

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ќе грми „Борис Трајковски“: Алкалоид во полна сала ќе го пречека АЕК во битката за првиот европски трофеј!

Ракометна Македонија повторно дише како едно, сите билети за реваншот од финалето на Европ…