Легендарниот Холанѓанец излезе пред навивачите вчера кога стана јасно дека Депортиво многу веројатно испаѓа од првата лига во Шпанија…
Со вчерашното реми против Леганес (0:0), Депортиво своите шанси за опстанок ги сведе на миниум. Леванте е првиот тим над опасната зона и има шест бодови повеќе од Депортиво, тоа секако не е недостижна предност во преостанатите четири натпревари, но тимот од „Риазор“ има пеколен распоред.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите повеќе не се ниту надеваат на опстанок, а по вчерашниот натпревар се собраа пред соблекувалната каде што ги навредуваа управата и играчите.
Единствен кој беше поштеден беше тренерот Кларенс Сидорф. Легендарниот Холанѓанец дури излезе помеѓу навивачите и разговараше со нив, се обидуваше да ги смири.
Навистина голем потег на поранешниот фудбалер на Милан.