КАМАВИНГА го повреди коленото на тренингот на Реал пред натпреварот од Суперкупот на УЕФА и нема да настапи на мечот што Кралевите ќе го играат против Аталанта денеска од 21 часот.
Во Варшава ќе се сретнат Реал како освојувач на Лигата на шампионите и Аталанта освојувачот на Лигата на Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шпанските медиуми потврдија дека Камавинга ќе го пропушти тој натпревар откако на тренинг во полскиот град, на дуел со Чуамени, загуби рамнотежа, се лизна и почувствува болка во левото колено. Со вресок паднал на тревникот и извесно време останал да лежи.
Колку беше болно, можеше да се слушне од врисоците на Камавинга, но и да се види од реакциите на неговите соиграчи. Лука Модриќ се фати за глава кога ја виде состојбата на својот 21-годишен соиграч.
Glad that Camavinga was still walking after this because the sound of his screams after the tackle worried me. I hope his injury isn’t serious. pic.twitter.com/2zqhrawy0Q
— WolfRMFC (@WolfRMFC) August 13, 2024