Дома Фудбал Останато Видео: Египет прв финалист на Африканскиот Куп

Видео: Египет прв финалист на Африканскиот Куп

Најтрофејната африканска репрезентација Египет е првиот финалист на континенталното натпреварување, откако во полуфиналето ја елиминираше Буркина Фасо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мохамед Салах во 67-та минута донесе водство за Египет, Буркина Фасо изедначи преку Аристид Бансе во 73 минута.

По конечните 1:1 во основните 90, се играа уште 30 минути продолжение во кое немаше промена на резултатот па се пријде кон изведување пенали.

Херој на Египќаните беше 44-годишниот голман Ел Хадари кој ги одбрани ударите на Кофи и Траоре во четвртата и петтата серија и ја одведе својата селекција во големото финале.


Burkina Faso 1-1 (3:4) Egypt – Les Buts et… by footballderby

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…