Дома Фудбал Репрезентации (Видео) Евроголот на Дарида не беше доволен, Хумелс погоди во финишот, Англичаните убедливи против Малта!

(Видео) Евроголот на Дарида не беше доволен, Хумелс погоди во финишот, Англичаните убедливи против Малта!

Денес со почеток од 20:45 беа одиграни осум средби во рамките од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.

Германците потешко од очекувањата стигнаа до гостинска победа против репрезентацијата на Чешка од 1:2. Варнер ги доведе гостите во водство уште во четвртата минута од средбата. Германија имаше водство се до 78 минута кога Владимир Дарида постигна еврогол и донесе изедначување, сепак за победа на Германија се погрижи, Матс Хумелс во 88 минута од средбата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Репрезентацијата на Англија која е лидер во групата Ф запиша победа против аутсајдерот во оваа група, Малта. Англичаните како и што се очекуваше беа подобар противник во текот на целиот натпревар и запишаа убедлива од 0:4. Англичаните до убедливата победа стигнаа во финишот од средбата се до 86 минутата тие имаа минимална предност, но до крајот погодуваа Бертранд, Велбек и Кејн кој го постигна својот втор гол на натпреварот.

Во останатите натпревари, Данска ја совлада Полска со убедливи 4:0, Шкотска запиша гостинска победа 0:3 против Литванија, Норвешка на свој терен го совлада Азербејџан со 2:0, Романија и Словачка запишаа минимални победи против Ерменија, односно Словенија, Северна Ирска беше подобра со 0:3 од аутсајдерот Сан Марино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…