Денес беше комплетирано последното коло во Премиер лигата, а последен патник во Лигата на шампини е Ливерпул кој со 4:0 го победи Брајтон.
Натпреварот на „Енфилд“ го одбележа Мохамед Салах кој во 26-та минута го отвори резултатот и го постигна својот 32-ри гол оваа сезона со што постави апсолитен рекорд во Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Црвените“ преку Ловрен до крајот на полувремето ја дуплираа предноста, а во второто полувреме Соланке и Робертсон ги поставија конечните 4:0.
Челзи доживеа дебакл на гостивањето кај Њукасл и загуби со 3:0. Гејл во 23-та минута донесе преднос за домаќините, а во второто полувреме Перез постигна два гола за конечни 3:0 и дегинитивно отпишување на „сините“ од Лигата на шампиони.
Највозбудливо секако беше на „Вембли“ каде Тотенхем и Лестер одиграа натпревар со 9 гола, кој на крајот заврши 5:4 за „спарси“.
Арсенал и шампионот Манчестер Сити запишаа минимални победи со 0:1 на гостувањата кај Хадерсфилд односно Саутемптон, со истиот резултат Манчестер Јунајтед го совлада Ватфорд на „Олд Трафорд“.
ВБА, Стоук и Свонси се екипите кои одат во Чемпионшип следната сезона, додека во ЛШ одат Сити, Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем, Челзи и Арсенал одат директно во ЛЕ, додека Барнли ќе игра квалификации.