Во вчерашното дерби во Ла Лига Барселона го совлада Атлетико Мадрид и така направи голем чекор кон титулата.
Барса со победата над „јорганџиите“ повторно ја врати предноста од +8 во однос вчерашниот противник. Каталонците славеа со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Лионел Меси и тоа повторно (трет натпревар во низа) со гол од слободен удар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фернандо Сињорини е поранешен фитнес тренер на репрезентацијата на Аргентина, а сега откри каков совет му дал легендарниот Диего Армандо Марадона на Лионел Меси.
„Беше бесен, се обидуваше да го погоди левиот агол но промаши. Јасно беше дека фрустриран, тргна кон соблекувалната, а јас го гушнав и му кажав дека човекот кој е најдобар играч во светот не треба на ваков начин да го напушти теренот“, открива Сињорини.
„Во тие моменти тука се најде и Марадона кој се вмеше и го повика. Диего нешто му зборуваше, а Меси внимателно го слушаше, потоа ја зема топката и му порача на својот помлад сонародник: Со топката мораш да бидеш внимателен, не го враќај назад стапалото веднаш откако ќе шутнеш. Со топката не смееш да се однесуваш на било кој начин, доколку го правиш тоа таа нема да заврши онаму каде што посакуваш“, му објаснил Марадона на Меси.
¡DESVELADO! Así ENSEÑÓ Maradona a Messi a LANZAR los LIBRES DIRECTOS. #JUGONES pic.twitter.com/hoMTiuGyf6
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) January 13, 2017