Дома Фудбал Германија Видео: Видал за минималец на Баерн, Вердер ја продолжи агонијата на „милионерите“

Видео: Видал за минималец на Баерн, Вердер ја продолжи агонијата на „милионерите“

vidal

Денес во Бундеслигата со почеток од 15:30 часот се одиграа четири средби.

Баерн Минхен успеа да запише минимална победа над тимот на Ајнтрахт Франкфурт од 0:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Избраниците на Јуп Хејнкес не беа на своето ниво, но сепак трите бода се она што на крајот се брои. Единствениот гол на натпреварот го постигна Артуро Видал во 20 минута по одличниот центаршут на Џошуа Кимих.

Дека Баерн денес не беше на своето ниво говори и податокот дека голот на Видал беше единствениот удар во рамките од голот кој го упати гигантот од Минхен.

Борусија Дортмунд продолжува со катастрофалната форма и после ова коло во кое беа поразени од Вердер со 1:2 се наоѓаат на седмата позиција во германското првенство. Вердер резултатот го отвори во 26 минута со голот на Егестеин кој упати одличен удар од работ на шеснаесетникот.

Во вториот дел Пјер Емерик Обамејанг погоди за изедначување, сепак конечните 1:2 ги постави Гебре Саласие по еден изведен корнер во 65 минута од средбата.

Во останатите два натпревари Хамбургер и Волсбург одиграа без голови, додека натпреварот помеѓу Лајпциг и Мајнц исто така заврши без победник но со резултат 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…