Дома Останати Кошарка Видео: Богдан Богдановиќ одличен во сензацијата на Кингси, победи на Оклахома и Вориорси

Видео: Богдан Богдановиќ одличен во сензацијата на Кингси, победи на Оклахома и Вориорси

james carter

Изминатата вечер во НБА лигата се одиграа 10 натпревари.

Кошаркарите на Сакраменто Кингс ја направија сензацијата на вечерта совладувајќи го тимот на Кливленд со 109:95. Одличен настап во оваа победа имаше Богдан Богдановиќ, а апсолутен херој беше легендарниот ветеран Винс Картер.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако Кавси одлично го отворија натпреварот и имаа предност од осум разлика, Сакраменто потоа во втората четвртина стигна до пресврт, но повторно попушти во третата четвртина каде што се водеше голема борба. Последната четвртина ја донесе победата на Кингси во која имаа и до 17 поени предност.

Српскиот репрезентативец, Богдан Богдановиќ го одигра еден од најдобарите натпревари, постигна 16 поени, додаде осум асистенци, три скокови, четири укардени топки и една блокада. Најзаслужен за победата беше легендарниот Винс Картер. 40 годишниот крилен играч беше фантастичен, а со 24 поени прв после 2007 година имаше повеќе поени од Леброн во дирекен дуел.

На другата страна Леброн Џејмс го изедначи својот негативен рекорд со 16 поени. Тој играше 38 минути, а ништо не му вредеше ни трипл-даблот (62 во кариерата) во кој оставари уште 14 асистенции и 10 скокови. Во тимот на Кливленд најефикасен беше Кевин Лав со 23 поени.

Оклахома Сити Тандер со 124:107 го совлада Торонто, а клучен допринос како и што се очекуваше имаше Пол Џорџ со 33 поени и осум какокови, како и Расел Вестбрук со 30 поени, 13 асистенции и осум украдени топки. Кармело Ентони и Стивен Адамс додадо по 18 за Тандер, додека на другата страна во редовите на Рапторси најдобар беше Си Џејл Мајлс со 20 поени.

Актуелниот шампион на НБА, Голден Стејт Вориорсите славеше над Јута со 126:101. Најефикасен беше Кевин Дурант со 21 поени, шест скокови и четири асистенции, додека Стеф Кари повторно не играше поради повреда на зглобот. Патрик Мекоу додаде 18 поени, додека Клеј Томпсон и Ник Јанг уфрлија по 15 поени.

НБА резултати:

Шарлот – Бостон 91:102.

Индијана – Далас 94:98

Атланта – Вашингтон 113:99

Чикаго – Њу Јорк Никси 92:87

Минесота – Денвер 128:125 (после продолженија)

Њу Орлеанс – Бруклин 128:113

Оклахома – Торонто 124:107

Сакраменто – Кливленд 109:95

Голден Стејт – Јута 126:101

Лос Анџелес Лејкерси – Мемфис 99:109

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…