Веспрем влезе во оваа сезона како еден од главните фаворити за титулата во ЛШ, но тимот на Дејан Манасков се наоѓа на работ на елиминација веќе во осминафиналето од ова натпреварување, откако го загуби првиот меч против Скјерн со убедливи 32-25.

Можеби Манасков имаше многу добар процент на реализација и постигна три голови од четири удари. Веспрем водеше неколку пати на почетокот на мечот со по еден гол разлика, но потоа домаќините го зголемија пристисокот, па постојано го зголемуваа резултатот во средбата, а на полувремето заминаа со предност од четири голови.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Вториот дел продолжи исто како првите 30 минути, па Скјерн во еден момент стигна и на предност од девет голови (31-22), но во самиот финиш Веспрем го намали резултатот на конечни 32-25.

Во домашната екипа најефикасни беа Рене Расмусен и Маркус Олсон со по шест голови додека во екипата на Веспрем најдобар беше Гаспер Маргуч со шест постигнати голови.

Реваншот се игра на 31. март во Унгарија, а екипата на нашиот репрезентативец ќе има пеколна задача да оствари пласман во наредното коло, затоа што тешко моеж да се очекува дека Веспрем ќе надокнади негатива од седум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Сара Ристовска ја има вториот најубав гол во третото коло на ЕП (Видео)

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска вчера постигна шест погодоци во натпревар…