Дома Останати Авто Мото Верстапен потсети на 2008 година: Не ми е жал, па и Хамилтон така стана шампион

Верстапен потсети на 2008 година: Не ми е жал, па и Хамилтон така стана шампион

На возачот на Ред Бул, Макс Верстапен вчера во Париз му беше официјално доделен трофејот за светски шампион во Формула 1.

Верстапен до титулата стигна во драматична последна трка во сезоната во Абу Даби кога во последниот круг успеа да го помине седумкратниот шампион Луис Хамилтон. На доделувањето на наградата не се појави Хамилтон во знак на протест поради одлуката на дирекцијата на трката.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Првиот човек на Мерцедес Тото Волф изјави дури и дека постои можност Хамилтон да не се врати наредната сезона во Формула 1. Новиот шампион Верстапен смета дека Хамилтон ги има сите причини да се натпреварува и следната сезона и покрај незадоволството од исходот од последната трка.

„Можам да разберам да не сте среќни првите неколку денови после трката, но исто така треба да сфатите дека такви работи се случуваат. Борбата за осма титула би требало да го натера и понатаму да се бори, не гледам причина сега се откаже“, изјави Холанѓанецот.

Верстапен потсети и дека во слични околности Хамилтон стана шампион во 2008 година кога му ја украде победата на Фелипе Маса во последната кривина од последниот круг.

„Не ми е жал, иако разбирам дека е болно. Но на крај и тој на сличен начин стана шампион“, изјави Верстапен.

Следната сезона во Формула 1 стартува на 20. март со трката за Големата награда на Бахреин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…