Арсен Венгер во недела против Хадерсфилд по последен пат ќе го води Арсенал откако што го превзеде во 1996. година. Тоа ќе биде неговиот 1202. натпревар на клупата на лондонскиот клуб од кој се прости на гала вечерта оваа недела.
Во говорот го предупреди Тотенхем дека ги чека многу тежок период пред да се преселат на новиот стадион.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Од времето кога го градевме Емирати до денес фудбалот многу се промени. Стадионите се двојно поскапи, а цените на играчите пораснаа три до четири пати. Во тоа време да продадете некој за 10 милиони фунти беше многу. Денес тоа е ситница. Ги чека многу тежок период. Ќе мораат да враќаат големи рати од кредитот за стадионот, а прашање е дали ќе можат да заработаат толку пари од продажбата на играчи“, изјави Венгер.
Неговиот Арсенал на Емирати се пресели 2006. година откако што 93 години играше на легендарниот Хајбери.
„Ние имавме многу проблеми. Моравме да го отплаќаме стадионот и истовремено да го држиме чекорот со клубовите кои имаа многу повеќе пари од нас. Но, моравме да направиме нов стадион, иако тој никогаш не ми легна како стариот. На Хајбери секој кој играше можеше да ја одмори друшата. Тој стадион за мене беше како катедрала“, вели Французинот.
„Лондон секогаш ќе биде мојот дом. Но, ако ме прашате дали го сакам, само ќе ви речам дека во 22 години, колку што сум тука, и понатаму не знам како да дојдам до центарот на градот. Никогаш не одев сам, секогаш некој ме вози. Единствениот пат кој го знам е од мојот дом до тренинг центарот“, заклучи Венгер.