Дома Фудбал Англија Венгер призна дека Арсенал е лош, а потоа додаде нешто што особено ги налути навивачите

Венгер призна дека Арсенал е лош, а потоа додаде нешто што особено ги налути навивачите

Арсен Венгер призна дека е свесен што Арсенал оваа сезона е полош од претходните години и заклучи дека тоа е реалноста со која не знае да се справи…

„Имаме полоша сезона од претходните, бидејќи тогаш освојувавме куп и имавме 75 бода во лигата. Не го негирам тоа, но вистинските анализи ќе следат на крајот од сезоната. Ова е наша реалност и, без грижа, знам да се справам со тоа“, изјави Венгер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ваквите коментари тешко можат да одат во корист кај навивачите кои одамна му го свртеа грбот, неговото заминување е се погласно и кај најлојалните навивачи, но изгледа дека и самите играчи кои одржале состанок заклучиле дека не знае да им помогне. Признанието како „знае да се справи со реалноста“ очигледно е јасна порака дека не сака да ја напушти клупата на која е 22 години.

Но, францускиот тренер е упорен во тоа да остане на клупата на „Топчиите“, па подготвен е и на критики од медиумите кои го критикуваат дека не знае да се прилагоди на противникот:

„Не е вистина! Секогаш се одибудвам да пронајдам решение за секој противник, па видете дека понекогаш играме со тројца, а понекогаш со петмина во одбраната. Живееме тешки моменти, но мораме да гледаме голема слика, загубивме од Сити кој сепак е тим со топ квалитети и преголема самодоверба“, заклучи Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сериозен удар за Хрватска пред двата натпревара во квалификациите за СП

Хрватската фудбалска репрезентација ја очекуваат два натпревара од квалификациите за Светс…