Дома Останати Вајт го најавува реваншот помеѓу Кабиб и Мекгрегор: Конор ја сака таа борба, ја сакам и јас!

Вајт го најавува реваншот помеѓу Кабиб и Мекгрегор: Конор ја сака таа борба, ја сакам и јас!

Претседателот на УФЦ Дајна Вајт верува дека наскоро ќе се организира реваншот помеѓу Кабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор.

Реваншот на двете големи ѕвезди во УФЦ и понатаму е она што Вајт силно го посакува, но за се ќе се прашува Кабиб кој ја има титулата во свои раце.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неговото враќање во октагон е најавено за во август или септември, а Вајт со последната изјави потврди дека се работи на организација на реваншот.

„Би сакал да има реванш помеѓу Кабиб и Конор. Мекрегор тоа го сака, сакам и јас“, изјави Вајт, па потоа зборуваше за борбата помеѓу Тони Фергусон и Кабив кој веќе се откажа неколку пати.

Пет пати пропаѓаше овој меч, па Фергусон за привремниот појас ќе се бори со Џастин Гатје, додека победникот ќе оди на борба со Дагестанецот.

„Не сум сигурен дека борбата помеѓу Кабиб и Тони ќе се одржи оваа година. Се плашам од она што следно може да се случи ако ја закажаме таа борба“.

Со ова Вајт веројатно сака да го „турне“ Мекгрегор пред сите во борбата ситулата, што веројатно нема да биде дочекано со воодушевување.

Инаку, Кабиб го победи Конор во борбата во 2018 година, а после таа борба следуваше апсолутен хаос откако Кабиб скокна од кафезот за да се пресмета со човекот од тимот на Конор, Дилон Денис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…