Ракометарките на ЖРК Вардар ја заокружија групната фаза во рамки на Лигата на шампионките со победата над Турингер на домашен терен со 29:21.
Избраничките на Дибирова ја имаа контролата на мечот постојано. Дибирова имаше одличен ростер, кој во текот на првиот дел постојано го ротираше. Во првото полувреме нашите ракометарки доминираа на стартот, но во последните 10 минути, гостите се доближија, па на пауза се замина со реми резултат, односно 12:12.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во вториот дел убедлива игра понудија Вардарки. Во првите 15 минути нашите ракометарки создадоа разлика од осум разлика, па истата ја оддржува до самиот крај.Во финишот на мечот, Вардар имаше и двоцифрена предност, а конечниот резултат гласеше 29:21. На крајот, Вардар заврши како лидер во групата со максимални бодови без пораз.
Најефикасна во таборот на Вардарки беше Лакабрер со 6 постигнати погодоци, кај Турингер пак, се издвои Лузумова со постигнати 6 погодоци