Дома Фудбал Познати судиите за дербито меѓу Вардар и Шкендија

Познати судиите за дербито меѓу Вардар и Шкендија

Фудбалска федерација на Македонија ги соопшти службените лица за претстојните натпревари од Првата македонска фудбалска лига, меѓу кои се и пресметките Вардар – Шкендија и Пелистер – Силекс.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дерби-средбата меѓу Вардар и Шкендија на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ ќе ја води Бафто Фармир во улога на главен арбитер. На линија ќе му помагаат Мишо Ѓорѓиевски и Горан Балевски, а како четврти судија е делегиран Крумислав Ѓоргиев. Видео-асистент судија ќе биде Игор Стојчевски, со поддршка од Вјолца Изеири, додека за техничкиот дел од повторувањата ќе се грижи Петар Муковски. Делегат на натпреварот е Гоце Цветановски, контролата на судењето му е доверена на Сашо Лазаревски, а функцијата комесар за безбедност ќе ја извршува Атанас Ризов.

Во Битола, на дуелот меѓу Пелистер и Силекс, правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски. Негови асистенти ќе бидат Тоше Ицев и Драган Трпчевски, додека четврти судија е Владимир Ѓорѓиевски. За ВАР-системот ќе биде задолжен Пларент Салихи, а асистент во видео-собата ќе биде Мартин Петковски. Улогата оператор за повторување на снимките му припадна на Растко Ѓурѓевиќ. Делегат на оваа средба е Дејан Боневски, а контролор Делчо Јакимовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …