По заминувањето на Бобан Грнчаров, фудбалерите на Вардар во следниот период ќе бидат предводени од Александар Васоски.
„Со огромно задоволство ја соопштуваме веста, дека од денес за нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година.“, потврди Вардар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легенда Ѓокица Ѓоко Хаџиевски кој ќе ја има улогата на спортски директор, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со “црвено-црните” има освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа. Веруваме дека со неговото богато интернационално тренерско искуство и знаење, ќе биде од огромна помош за тренерот Васовски, но и за целокупниот тим.
Фото: Вардар Фанс