Денес најверните навивачи на Вардар, „Комитите“ и официјално го преземаа раководењето со клубот, а своите планови и ситуацијата ја соопштија на прес-конференција.
На прес-конференцијата се појавија и фудбалерите Дарко Мицевски, Дарко Глишиќ и Филип Гачески. Вчера вечерта точно во 19:47 часот започна акцијата со која се продаваат сезонски билети по цена од 1.000 денари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Целта како што беше соопштено денес е да се соберат 500.000 евра.
„Вардар е клуб на народот и народот има право да знае што се случува, а нашата битка за спас трае буквално три години, пред нешто повеќе од две продадовме 33.381 билет во најголемата акција со која сакавме да дадеме време за Вардар да преживее. Сметката е блокирана од 2018 година, сега повторно сме во акција за спас и сега ни е поддржата од народот и тоа како потребна. Зад Вардар веќе застанаа 12 општини и градот Скопје Оваа акција што ја спроведуваме е продолжение на таа од пред две години, со таргет десет пати поголем. Сакаме да покажеме дека сѐ е можно, да бидиме колку сме, да видиме колку Скопје го сака Вардар. Веруваме дека може да се продадат сезонските и да инкасираме над 500.000 евра. Заедно да покажеме како се сака клубот на народот“, изјави претставникот на „Комити“, Милорад Миленковски.