Вардар не успеа да ја одбрани титулата во СЕХА лигата и убедливо беше поразен од Веспрем 35-27.
Вардар лошо го отвори финалето и чекаше пет минути за својот прв гол со кој Ловро Јотиќ го намали водството на Вестпрем на 1-5.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Негативата се зголеми на минус шест во 21 минута, но со мини серија во завршните три минути од првиот дел Вардар замина на пауза со надежни минус три 12-15.
Тоа е се што можеа да направат „црвено-црните“, бидејќи Веспрем одлично го чуваше водството и го зголемуваше во второто полувреме.
Вардар воопшто немаше шанса да направи историски пресврт, па Веспрем рутински ја одржуваше предноста и на крајот мечот заврши со резултат 35-27.
Глеб Калараш со шест гола беше најефикасен кај Вардар, го следеа Ловро Јотиќ и Патрик Валчак со четири гола, додека кај победниците, Петар Ненадиќ постигна пет гола.