
Славниот холандски напаѓач Робин Ван Перси во интервју за „So Foot“ зборуваше за својата кариера, најмногу за периодот во Манчестер Јунајтед каде што играше од 2012 до 2015 година откако пристигна од Арсенал.
Ван Перси откри дека во Јунајтед дошол поради Сер Алекс Фергусон.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
„Имав понуди од Јувентус и Манчестер Сити, но некои чувства кон Сер Алекс Фергусон и Јунајтед беа пресудни. Ако го пголеднеш тој тим…Сетете се на Видиќ, Фердинанд, Сколс, Гигс, Керик…Сите тие беа големи професионалци. Ме привлекуваше играњето со нив. Ској тим има своја хиерархија, тука тоа беа Сколс, Гигс, Керик, Видиќ и Фердинанд. Се што се случуваше надвор од теренот тие регулираа“.
Потоа се потсети на една анегдота со Фергусон.
„Знаеше кога треба да реагира. Во мојата прва сезона имавме 15 бодови повеќе од Сити со кој игравме дома. Ако победевме ќе имавме 18 бодови, но изгубивме и предноста се намали на 12. Поголемиот број тренери не би правеле драма околу тоа, но Ферги беше бесен. Двајца наши играчи беа во ноќен клуб вечерта пред натпреварот. Фергусон покажа слика од нив и ни кажа – ако ја изгубиме титулата тоа ќе биде поради овие два кретени. Тоа го кажа пред сите во соблекувалната“.
„Не можам да ви откријам за кои играчи станува збор. Беше страшно бесен, ја залепи сликата на ѕид и не предупревуаше дека ако некој оди да се забавува пред титулата да биде освоена ќе биде исфрлен од тимот. Беше немилосрден. На крајот ние бевме шампиони“, раскажа Ван Перси.