Дома Фудбал Англија Ван Дајк разочаран: Не сака да слави титула без фанови!

Ван Дајк разочаран: Не сака да слави титула без фанови!

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк призна дека ќе биде многу разочаран епидемијата од коронавирусот ги спречи фановите да го видат тимот како ја освојува титулата после 30 години.

„Црвените“ имаат импресивна сезона во Премиер лигата и водат со 25 бода разлика на табелата, но фудбалот во Англија е стопиран од 3-ти април.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Можноста натпреварите да се доиграат без фанови е конкретна, а тоа значи дека „црвените“ нема да можат да ја слават титулата.

„Никој не сака да игра натпревари без пубика. Ако ја освоиме титулата на празен стадион без фанови, ќе бидам многу разочаран поради тоа“, изјави Ван Дајк.

„Додека не се донесе конечно решение треба да чекаме и да се справуваме со ситуацијата. Што и да се случи, сигрно ќе ја освоиме титулата за нашите фанови“, додаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Влаховиќ за споредбите: Не сум Нејмар, а ниту Азар или Меси…

Jувентус оваа сезона остана многу далеку од титулата шампион на Италија која вчера ја потв…