Легендарниот холандски тренер Луис Ван Гал смета дека Френки Де Јонг ќе има големи тешкотии да се прилагоди во толку голем клуб, како што е Барселона.
„Мислам дека ќе му биде тешко таму и дека ќе има големи проблеми, и тоа не само поради втората позиција во екипата, туку ќе има потешкотии и да влезе во првиот состав. Верувам дека можел да одбере подобра дестинација за продолжување на кариерата, изјави Ван Гал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мислењето на пензионираниот холандски стратег има„тежина“ ако се знае дека во неговата богата кариера водел многу големи клубови и репрезентации, меѓу кои и Барселона.
Де Јонг имаше понуди од многу клубови, но избра да се пресели во Барселона која за неговиот потпис му плати на Ајакс 75 милиони евра.