Дома Трансфер зона Валенсија купи Србин за 2.5 милиони евра и го „врза“ со клазула од 100 милиони евра

Валенсија купи Србин за 2.5 милиони евра и го „врза“ со клазула од 100 милиони евра

Eкипата на Валенсија го претстави првото засилување за новата сезона.

Валенсија го доведе 20 годишниот фудбалер Урош Рачиќ од Црвена Звезда.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Според информациите од Шпанија, Валенсија за услугите на Рачиќ платила 2.5 милиони евра. Неговиот договор има важност до 2022 година и ќе има откупна клазула од дури 100 милиони евра.

Минатата сезона Рачиќ собра 34 настапи за Црвена Звезда и постигна три погодоци.

„Овој трансфер е остварување на сонот, сонував да потпишам за вака голем клуб. Среќен сум поради пристигнувањето. Добро го познавам клубот бидејќи ја обожавам шпанската лига. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на овој клуб“, изјави Рачиќ на претставувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…